Со доаѓањето на топлите денови многу жени се чувствуваат несигурно поради својот изглед и се грижат за несовршеностите, а токму на тоа се осврнала инфлуенсерката Сара Никол Лондри која на Инстаграм ја следат 374 илјади луѓе.
Покрај фотографијата на која позира во едноделен костим за капење, Сара открила што мисли за тоа дали жените треба да се чувствуваат несигурни во сопственото тело.
“Не му должите на светот дводелно бикини. Не му должите ни совршени гради ниту рамен стомак. Не мора да се извинувате ако вашиот стомак е надуен тој ден или да објаснувате како сте ги добиле тие вишок 6 килограми. Но, во ред е и ако носите дводелно бикини, имате совршени гради или сакате за зборувате за вишокот килограми”, напишала таа.
“Многу чувствуваат дека се присилени да го засакаат своето тело. Постои поврзаност помеѓу желбата да ве прифатат, да бидете самоуверени како другите луѓе и желбата да се чувствувате удобно во своето тело”, додала Сара.
Искрената инфлуенсерка често објавува фотографии на кои ги покажува несовршеностите на своето тело, а бројните следбеници ѝ заблагодаруваат на објавите и пишуваат дека таа им помогнала да се засакаат себеси.