Остри реакции од јавноста: Додека за болни деца се собираат пари преку донации, ФЗОМ ќе финансира операции за промена на полот

Точка

27/06/2019

20:02

7.252

Големина на фонт

а а а

Трансродовите лица кои ќе сакат да направат операција за промена на полот, отсега нема да мора да плаќаат десетици илјади евра за ваква интервенција во странство.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на регионалната конференција за правата на ЛГБТ заедницата најави дека промената на полот ќе биде на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Според пресметките на ФЗОМ, овие операции чинат околу 15 илјади евра и ќе бидат вршени од страна на врвен српски хирург на Универзитетската клиника во Скопје: 

“Од пред неколку месеци на раполагање за трансџендер хирургија на сите наши граѓани е врвен експерт од Србија кој работи во развиени европски земји и во Америка и за сметка на Фондот за здравствено осигурување тие операции кои досега се плаќаа приватно ќе има можност да се прават на Клиниката за детска хирургија”, вели министерот за здравство Венко Филипче.

По ваквата најава, на социјалните мрежи се појавија лавина коментари и реакции. Имено, повеќето корисници сметаат дека средствата од Фондот треба да бидат наменети првично за болните деца и за лицата на кои им е неопходна медицинска помош, наместо тие да се лекуваат преку собирање на донации.

##https://twitter.com/lukanovska/status/1144217742364594177##

##https://twitter.com/Shisharka_/status/1144209576373497856##



Спонзорирани линкови

Маркетинг