Дрога, зависности и затвор: Од огромна слава го допреле дното и очајот, а овие изјави ќе ве натераат да се замислите за животот

Точка

27/06/2019

18:51

8.438

Големина на фонт

а а а

Животот на познатите личности неретко е тежок поради бројните фактори и ситуации со кои се среќаваат. Освен привилегиите и бенефициите кои јавниот живот ги носи, постои и онаа “темна страна” во нивните кариери на која некои од нив се нашле во одреден дел од својот живот.

Дел од познатите личности не успевале да се изборат со огромната слава и успех и поради будното око на медиумите и јавноста го барале спасот во недозволените супстанци, а трајните последици од нивниот развратен живот се неспорни. 

Меѓу најпознатите “мајстори за скандал” е секако манекенката и актерка Линдзи Лохан која повеќе пати се пријавувала во центри за помош и одвикнување од зависности, а за своето искуство секогаш била транспарентна.


“Веројатно многу луѓе не го знаат ова, но јас бев на одвикнување за да избегнам затворска казна, па затоа не бев претерано спремна за тоа. Сметав дека немам проблем. Сега само сакам да работам и да се грижам за себе”, изјавила Линдзи во едно интервју од 2014 година, а по некое време и завршила во затвор поради кражба.

Освен Линдзи, пејачката и поранешна ѕвезда на Дизни, Деми Ловато, покрај својата ментална болест која ѝ сметала во создавањето на кариера, имала и проблеми со злоупотреба на кокаин и хероин. Имено, актерката минатата година едвај преживеа откако се предозира, а по ваквиот немил настан беше испратена на долго и тешко лекување.


“Искрено, благодарна сум на сè во животот. Заминувањето на терапија го сметам за дар и мислам дека благодарение на тоа сум сè уште жива. Исто така, тоа ми помогна да се отворам пред другите и да зборувам за своите проблеми”, изјавила Ловато.

Зек Ефрон, талентираниот млад актер кој најмногу го паметиме од филмот “High School Musical” долго време се борел со зависноста од кокаин и алкохол.

“Кога започнав да одам на состаноци за зависници, почувствував олеснување, како да ми падна товар од срцето. И понатаму се борам”, изјавил актерот.

Шкотскиот актер Џерард Батлер во 2012 година се пријавил во центар за рехабилитација.

“Можеби да бев посилна личност не би бил тука, но тоа е што е. Некои мислат дека сум слаб, но мило ми е што побарав помош”, рекол Батлер.

Бен Афлек исто така се борел со зависноста. Тој побарал професионална помош поради злоупотреба на алкохол.

“Ако имате проблем, барањето помош не е знак на слабост туку на храброст”, изјавил Бен минатата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг