Принцот Вилијам: "Не би ми пречело ако моите деца се хомосексуалци"

Точка

27/06/2019

12:48

1.534

Големина на фонт

а а а

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам изјавил дека не би му пречело ако неговите деца се изјаснат како хомосексуалци, но дека се плаши од тоа до какви последици тоа би довело во поглед на злоставување и притисок од јавноста.

Принцот бил шокиран од неодамнешниот напад на две лезбејки, кои биле претепани бидејќи не сакале да се бакнат пред неколку мажи кои ги терале на тоа. 

Тој на оваа тема прв пат проговорил кога го посетил седиштето на организацијата "Akt", која се занимава со проблемите не LGBT лицата кои станале бездомници поради својата сексуална ориентација.

Притоа едно од присутните момчиња го запрашало дали би му пречело ако неговиот син се изјасни како хомосексуалец.

"Навистина никогаш не сум размислувал за тоа додека не станав родител. И мислам дека воопшто нема да ми пречи. Единствено што ќе ме загрижува е како другите ќе гледаат на тоа, поточно како светот ќе реагира на тој факт. Кетрин и јас многу зборувавме за тоа и сакаме да се подготвиме за нешто такво, ако некогаш се случи", рекол принцот Вилијам.

Додал дека од раѓањето на секое од своите деца е нервозен поради тие работи, не затоа што тоа го осудува или не го поднесува, туку затоа што се плаши како светот ќе ги третира кога ќе дознае дека се геј.

"Би сакал да живееме во свет во кој тоа е нормално. Но, ситуацијата е посебно поразлична за нашето семејство, тоа ме прави нервозен.

Ќе ја поддржам секоја одлука која тие ќе ја донесат, но од татковска перспектива се грижам за тоа на колку бариери, омраза и дискриминација би можеле да наидат", заклучил Вилијам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг