Уапсени двајца мажи во Германија за убиството на политичарот од партијата на Меркел

Макфакс

27/06/2019

12:26

821

Големина на фонт

а а а

Германската полиција уапси двајца мажи во врска со убиството на политичарот Валтер Либке од партијата на канцеларката Ангела Меркел.

Канцеларијата на Сојузното обвинителство соопшти дека едниот од осомничените е обвинет дека му продал оружје на убиецот во 2016 година, а другиот му овозможил на убиецот да стапи во контакт со продавачот, објави АП.

Валтер Либке, кој ја предводеше регионалната влада во градот Касел, беше смртно ранет со огнено оружје на терасата на неговата куќа на почетокот на месецот и беше префрлен во болница каде што подлегна на повредите.

Подоцна, како наводен убиец е уапсен Стефан Ернст, кој има историја за учество во злосторства од омраза уште пред неколку децении, вклучувајќи и бомбашки напад врз засолниште за бегалци во државата Хесен во 1993 година,

Официјалните лица изјавија вчера дека Ернст признал дека го извршил убиството и рекол дека дејствувал сам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг