Крид е новиот Нео во продолжението на „Матрикс“?: Четвртиот дел на франшизата без Кијану Ривс во главната улога

Точка

27/06/2019

12:03

2.084

Големина на фонт

а а а

Како што се зборува, на Кијану Ривс очигледно ќе го замени популарниот афроамерикански актер Мајкл Б. Џордан.

„Матрикс“ е еден од најзначајните филмови објавени кон крајот на 20-от век, но и еден од многубројните филмови кој немаше продолженија кои се доследни на првиот дел. Тоа наскоро можеби ќе се смени со 4-от филм од овој свет кој сепак нема да ни го врати Кијану Ривс. Во новиот филм, како што се шпекулира, улогата на Нео би можела да му припадне на Мајкл Б. Џордан.


Продуцентската компанија „Warner Bros“, режијата на новиот дел од научно-фантастичната франшиза „Матрикс“, повторно ќе му ја довери на Вачковски, пишуваат од „Independent“.

Според пишувањата на извештајот, во улогата на Нео наместо Кијану Ривс ќе се појави ѕвездата на „Black Panter“ и „Creed“, Мајкл Б. Џордан.

Се очекува дека сценарист на филмот ќе биде Зак Пен, а снимањето би требало да почне следната година.

Сè уште не е познато дали новиот „Матрикс“ ќе биде класично продолжение на филмот во кој приказната се враќа на почеток, но се шпекулира дека на филмот се работи со голема пареа.


Тоа што дополнително прави забуна е дека Кијану Ривс во месец мај додека го промовираше „Џон Вик 3“, изјави дека совршено сценарио за „Матрикс 4“ е вистински подарок и дека не би можел да каже „НЕ“ на враќањето на овој филм.

Интересно е тоа што кон крајот на 1990-те години, првиот избор на Вачковски за улогата на Нео бил Вил Смит, додека пак зад очилата на Морфеус беше Вал Килмер. Смит ја одбил улогата, Кијану ја прифатил, а афроамериканскиот актер Лоренс Фишбурн го заменил Килмер.

Можеби изборот на Мајкл Б. Џордан сака да го врати оригиналниот план, Нео да биде афроамериканец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг