Руни е првиот играч кој му упати порака на Ван Бисака пред трансферот во Манчестер Јунајтед

Дерби

27/06/2019

11:50

1.627

Големина на фонт

а а а

Во текот на денешниот ден се очекува и официјално да биде објавен трансферот на Арон Ван Бисака кој е готов.

Младиот десен бек доцна синоќа го помина првиот дел од медицинските прегледи, а денес треба да го помине и вториот дел пред и официјално да биде промовиран како нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Меѓу првите кои му честитаа и кои му упатија порака на англискиот репрезентативец беше легендарниот фудбалер на „ѓаволите“, Вејн Руни.

Руни по натпреварот од МЛС Лигата против Орландо во кој постигна вонсериски погодок во изјава за медиумите го советуваше Ван Бисака да ужива во играњето на „Олд Трафорд“.

– Уживај. Играј без страв. Манчестер Јунајтед е фантастичен клуб. Еден, ако не и најдобриот фудбалски клуб во светот. Мора да го почувствуваш, да ја запознаеш културата на Јунајтед. Да ја научиш историјата и да го дадеш најдоброто, -гласеше пораката упатена од Руни кон Ван Бисака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг