Рибари пронашле риба со бурма! Дознале дека тој прстен е проколнат, а еве што се крие зад оваа приказна

Точка

27/06/2019

11:49

13.094

Големина на фонт

а а а

Во една од полудите рибарски приказни, еден натпреварувач на турнир во риболов уловил пастрмка со бурма!

Прстенот за рибата бил прикачен со пластична алка, а се се случило на езерото Мичиген. 

Секако, веднаш сите почнале да се расправаат како е тоа можно и да се прашуваат што се крие зад оваа глетка.

Сега се појавил и некогашниот сопственик на бурмата која ја разјаснил целата мистерија.

Капетанот Џејсон Роуз ја прикачил бурмата за рибата и ја вратил истата во вода пред речиси седум недели. Тврди дека тој прстен е проколнат.

Имено, неговиот 10-годишен брак пропаднал пред четири години, но дури сега на посебен начин одлучил да го фрли прстенот, на тој начин обележувајќи нов почеток на својот живот.

"Јас сум водич за риболовци, а таа секогаш беше против тоа да ги следам своите сништа и мразеше што сакам риболов. Не сакав да ја фрлам бурмата, па тоа го направив на начинот кој најдобро го знам. Убеден сум дека прстенот е проколнат, животот ми тргна на подобро откако го фрлив", рекол Роуз.

Пастрмката со прстен се појавила седум недели подоцна, кога Џо Пенар ја уловил ловејќи од брод со својот пријател Џин Нелиган, за време на еден турнир во Илионоис. Сега изгледа дека капетанот Роуз го пренел "проклетството на прстенот" на сопственикот на бродот.

"Тој прстен е проколнат. Откако дојде на мојот брод имав проблеми со контролата на моторот и копчето за отворање на главните врати на моторот се расипа", рекол Нелиган, додавајќи дека ќе му го врати прстенот на капатенот по пошта, без да запише повратна адреса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг