Искрениот Сари обелодени колку точно цигари пуши на ден: Знам дека е премногу…

Дерби

27/06/2019

11:49

1.559

Големина на фонт

а а а

Маурицио Сари во овој момент е на летен одмор во Асколи пред комплетно да се насочи кон Јувентус каде пред извесно време беше претставен како нов тренер на првиот тим, а присуството во овој регион од Италија го искористија луѓето од весникот „Нова Ривиера“ за да направат едно пријателско интервју со искусниот стратег.

Сари пристигнува во Јуве по својата едногодишна етапа која ја имаше во Челси, период кој ќе се памети по освоената титула во Лига Европа, но и по големиот број натписи на англиските медиуми за неговата лоша навика. Маурицио се докажа како страствен пушач и изрежира урнебесен момент по крајот на финалето во Лига Европа, а сега во разговорот со „Нова Ривиера“ откри колку точно цигари пуши на ден.

– Искрено, пушам по 60 цигари на ден, што најверојатно е навистина премногу и знам дека е така. Иако е чудно, не чувствувам да пушам цигари за време на натпреварите, но веднаш по крајот на мечот кога се чувстува тензија, имам огромна потреба да запалам цигара, – обелоденува новиот тренер на Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг