Гвардиола со порака до луѓето од Барселона: Заборавете на такво сценарио

Дерби

27/06/2019

11:47

1.340

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола даде изјава за шпанските медиуми при отворањето на уште еден стадион во чест на Јохан Кројф во една област во Барселона, гостувањто кое на најдобар можен начин го искористија насобраните новинари за да извлечат интересни одговори од менаџерот на Манчестер Сити на различни теми.

Како по обичај, Пеп најмногу прашања доби за неговиот поранешен клуб Барселона и стручњакот даде свое мислење за евентуалните трансфери на Нејмар и Гризман, но исто така испрати и јасна порака до луѓето кои сакаат еден ден да го видат и како претседател на клубот од „Камп Ноу“, улога со која би направил историски „хет-трик“ по успешните етапи како играч и тренер.

– Ќе се вратам во Барселона порано или подоцна. Но, како претседател никогаш, заборавете на такво сценарио. За да бидете претседател, треба да имате претходно знаење за управување и мора да бидете подготвен. Треба да имате знаење кои јас едноставно ги немам. Само се обидувам да бидам добар тренер, мислам дека не ми одеше лошо во изминатава декада. Порано или подоцна, сигурно ќе се вратам во Барселона, – изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг