Трамп се скара и со капитенката на националниот фудбалски тим: „Прво освои пехар па после зборувај“

Точка

27/06/2019

10:58

2.264

Големина на фонт

а а а

Сè започна кога беше објавено интервјуто во кое спортистката изјавила дека таа и нејзиниот тим “нема да влезат во е*ената Бела куќа!“

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ испратил порака на Меган Рапино, капитенката на американскиот национален женски фудбалски тим, “прво да освои пехар па потоа да зборува“, откако фудбалерката изјавила дека нема да отиде во Белата куќа, доколку националниот тим победи на светското првенство.

“Не одам во е*ената Бел куќа! Нема да бидеме повикани. Се сомневам во тоа“ - изјавила таа во јануари за списанието кое го издава Женското светско првенство за фудбал. Видео интервјуто е објавено дури оваа недела, а во Америка привлече големо внимание.

Во серијата твитови, Трамп тврдеше дека спортските тимови “сакаат да доаѓаат во Белата куќа“ и ѝ рекол на Меган “прво да го освои пехарот па потоа да зборува“.

„Заврши работа“ - напишал тој.

Трамп потоа се предомислил па напишал дека поканата важи без разлика дали ќе победат или изгубат.

„Сè уште не сме ја повикале Меган и нејзиниот тим, но сега го повикувам ТИМОТ, без оглед на тоа дали ќе победат или ќе изгубат. Меган никогаш не требаше така да ја почитува нашата земја, Белата куќа или нашата држава, особено затоа што многу работи се направени за неа и нејзиниот тим. Бидете горди на знамето кое го носите“ - напишал тој.


Рапино во 2016-та година беше една од првите спортистки која јавно го подджа рагбистот Колин Кеперник кој бил клекнат во текот на слушањето на американската химна пред натпреварот во знак на протест на полициската бруталност над Афроамериканците. Еден месец подоцна и таа клекнала пред почетокот на натпреварот во кој играла.

Таа исто така е една од 28-те спортисти кои ја тужат Американската фудбалска федерација поради тоа што машките фудбалери заработуваат многу повеќе од женските фудбалери, иако жените одигруваат поголем број на натпревари и почесто победуваат.


Претходно во текот на оваа недела Трамп изјавил дека не е во ред тоа што Рапино протестира против амриканската химна.

Сè уште не се знае дали тимот ќе ја прифати поканата на Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг