Јапонија ги сели своите компании од Велика Британија

Макфакс

27/06/2019

10:53

740

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот министер за надворешни работи, Таро Коно, рече дека Токио е многу загрижен поради можното повлекување на Велика Британија од ЕУ без договор. Поради тоа тие го повлекуваат својот бизнис од Велика Британија.

Како што рече, таквото сценарио ќе има многу негативно влијание врз јапонските компании.

Шефот на јапонската дипломатија рече дека некои фирми веќе почнале да ги пренесуваат своите операции од Велика Британија во други европски земји.

Како што додаде, брегзитот без договор особено може да влијае на автомобилската индустрија, пишува „Спутник”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг