Чекор до решевање на мистеријата за MH370: Американец открил каде се наоѓаат остатоците од малезискиот авион, но веднаш добил смртни закани

Точка

27/06/2019

10:38

4.774

Големина на фонт

а а а

Блејн Гибсон, Американец кој бара исчезнати авиони, добил закани дека ќе биде убиен ако продолжи со потрагата по исчезнатиот малезиски авион - MH370.

Во 2016-та година Гибсон дошол во центарот на јавноста бидејќи тврдел дека остатокот од авионот бил пронајден во Мозамбик. Од тогаш, "The Sun" известува дека Гибсон пронашол уште 16 парчиња наводни остатоци од тој лет. Парчињата се појавиле на места во Мадагаскар и Јужна Африка. 

Но, Вилијам Лангевише, пилот кој станал писател, рекол дека Гибсон почнал "да добива смртни закани" откако ги пронашол првите остатоци.

"Во една порака му било кажано да сопре со потрагата или Мадагаскар ќе го напушти во ковчег", вели Лангевише.

Во друга му се заканиле со труење со полониум. "Беше трауматизиран", тврди Лангевише и додава: "Тој во голема мера избегнува да ја открие својата локација или плановите за патување, а од слични причини избегнува користење на електронска пошта и ретко зборува преку телефон".

Често ги менува своите СИМ картички. Верува дека понекогаш го следат и го фотографираат. MH370 патувал од Куала Лумпур во Пекинг, Кина, кога мистериозно исчезнал со 239 патници.

Авионот "Boeing 777" последен пат комуницирал со контролата за воздушен сообраќај во 1:19 часот кога авионот го прелетал Јужнокинеското море, пред да исчезне од цивилните радарски екрани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг