Предупредување до туристите: Сериозен проблем кој ги погоди северните области на Грција

Точка

27/06/2019

10:29

5.196

Големина на фонт

а а а

Кражбите на апартманите во областа на северна Грција се многу чести во текот на летниот период. Тоа што може да ја расипе летната идила е поголемиот број на крадци кои организирано крадат по апартманите, а најчесо се од албанска или романска националност.

„Оваа година кражбите по апартманите сè уште не почнале, но тоа е нешто со кое ние се бориме многу години. Во месец јуни бев таму и разговарав со градоначалникот со намера да отворат уште една полициска станица каде што луѓето ќе можат да се обратат. Моментално нема многу станици на Халкидики што донекаде им дава слобода на крадците. Кога станицата е на самото место каде што крадците извршуваат кражби тогаш поинаку се размислува и реагира“ - изјавил Александар Сеничиќ.


Крадците најчесто влегуваат во приземни апартмани и ги прскаат туристите со преј, а потоа од собите ги земаат телефоните, парите, компјутерите. Автомобилите не ги крадат, но затоа сè друго што е вредно во собата исчезнува.

„Луѓето мора да внимаваат и да се однесуваат онака како што би се однесувале дома. Ништо повеќе не треба да прават од тоа. Само да ги затвораат прозорите и вратите“ - продолжил Александар.

Исто така доколку го посетувате Солун, бидете особено внимателни затоа што крадците се на сите страни.

Хазаридис Ахилеас, шефот на солунската полиција, на својот Фејсбук профил често ги предупредува луѓето да внимаваат многу повеќе во Солун кој станува сè понебезбеден како за туристите така и за жителите на Солун.


Во едно од неговите предупредувања тој изјавил дека најголема мета се туристите.

„Ги советуваме сите наши туристи дека вредните работи како што се пари, лап топови, телефони, камери, фотоапарати, да не ги оставаат во своите автомобили, особено не на видливи места. Доколку сакате да го посетите Солун на еден ден, најсигурно е да користите приватни гаражи“ - напишал тој.


Тој ги предупредил луѓето да не дозволат како туристи да бидат лесна мета за крадците.

„Знаеме дека тоа се случува во сите останати земји. Зато научете да бидете внимателни и да ги заштитите вашите вредни работи додека сте на летување. Најчесто се случува кражба на чанти, мобилни телефони, накит. Најчесто крадците се двајца во пар и додека едниот разговара со вас, другиот ќе ја зграби вашата чанта итн. Тоа е најчестиот метод“.





Спонзорирани линкови

Маркетинг