Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја критикувал Европа пред Г20 самитот во Јапонија, велејќи дека таа кон САД се однесува полошо отколку Кина.
"Европските нации се поставени да ги искористат САД. Имаат полоши препреки за трговија од Кина", рекол Трамп.
Како што се наведува, се очекува дека средбата на Трамп и претседателот на Кина, Кси Џинпинг, ќе биде главниот настан на самитот Г20.
Трамп покажал повеќе желба за подобрување на односите со официјален Пекинг отколку со Брисел.
Иако Трамп претходно го опишал претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер како "фантастичен човек и бизмисмен", сепак критикувал една од клучните членки на неговиот тим, Маргрет Вестагер.
"Постои една жена во Европа, нема да и го споменам името, всушност треба да го преземе местото на Жан Клод...Таа ги мрази САД, можеби повеќе од било кој што некогаш сум го запознал. Тоа што таа и го прави на нашата земја...Таа ги тужи сите наши компании", рекол Трамп.