АТП објави фотографија од детството на најголемиот “хејтер“ на Новак Ѓоковиќ

Точка

27/06/2019

10:10

3.078

Големина на фонт

а а а

Многумина беа во неверување кога ја видоа оваа фотографија. Ник Кирјос, австралискиот тенисер, некогаш било буцкасто дете кое никогаш не се одвојувало од рекетот.

Контроверзниот тенисер покажувал раскошен талент уште кога бил мал, дури ни вишокот килограми не му пречеле да доминира со рекетот, а сега доминира со “долгиот“ јазик.

Иако и сега е јасно дека има квалитет, Кирјос одлучил да се забавува, игра како што сака, а попатно не пропушта ниту една можност за да го “хејта“ Новак Ѓоковиќ.

Не е Ноле единствениот на мета, тој ја користи секоја можност да го испровоцира секој кој ќе стигне, а сега АТП го потсети каков бил како мало дете.

Кој би рекол дека овоа симпатично момче ќе стане најомразениот лик во светот на тенисот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг