Венецуела објави дека спречила уште еден обид за воен удар

Нетпрес

27/06/2019

09:46

1.851

Големина на фонт

а а а

Венецуелската влада во средата соопшти дека спречила обид за изведување воен државен удар во којшто, како што тврди, се вмешани САД, Колумбија и Чиле, како и на „израелска група“, во кој требало да биде ликвидиран социјалистичкиот претседател Николас Мадуро.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ноќта кон четвртокот по средноеврпско време објави дека се уапсени учесниците во последниот заговор за соборување на легитимната влада што требало да се оствари во јуни.

„Разобличивме, уништивме и уапсивме фашистичка и терористичка банда, којашто требало да ги нападне венецуелското општество и венецуелската демократија. Тие се фатени, тие се зад решетки со цел куп докази… Ние 14 месеци ја следевме оваа криминална и фашистичка група“, рече Мадуро во обраќањето директно пренесувано на телевизијата.

Претходно, министерот за комуникации и информации, Хорхе Родригез, изјави дека на 23-ти и 24-ти јуни опозицијата со поддршка на САД, Колумбија и Чиле, наводно имала намера да организира државен преврат, и да ги ликвидира претседателот Николас Мадуро, неговата сопруга Силија Флорес, како и челникот на Националното уставотворно собрание, Диосдадо Кабељо, Според Родригез, пучистите наводно требало на власт да го донесат генералот Раул Бадуел, кој минал на страна на опозицијата и во моментов се наоѓа во затвор.

Според Мадуро, властите поседуваат околу 56 часа снимки од договарањата меѓу организаторите на превратот, на коишто се група воени и полициски службеници во пензија и „едно до две“ активни воени лица, „неуспешни политичари од десните сили“, управувани и финансирани од Богота, кои зборувале за убиства.

„Учествуваме на сите состаноци на коишто е планиран државниот удар“, рече министерот Родригез. Додаде дека владините агенти се инфилтрирале во подготовките на овој обид за уривање на Мадуро и поставување генерал на неговото место.

Државниот удар кој го подготвувале активни и пензионирани воени офицери, како и поранешен директор на разузнавачката служба, требало да се спроведе меѓу неделата и понеделникот, додаде Родригез. Го обвини колумбискиот претседател Иван Дуке за „планирање на државниот удар и убиство на претседателот“ Мадуро, доведувајќи го во прашање и конзервативниот чилеански претседател Себастијан Пинеро, како и американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

„Тие разговарале за убиство на 30-50 или 60 членови на ‘колективите’ од реонот ’23-ти јануари’, за да извршат масакр. Тие зборувале за поставување бомби со цел да ја уништата сферата на јавните услуги – интернетот, телефонските врски, електричната енергија“, рече Мадуро.

„Тие кукавички зборуваа како да го убијат претседателот на Републиката и тоа да му го покажат на светот, како да го убијат другарот Диосдадо Кабељо, и да му го покажат тоа на светот, да ја убијат мојата сопруга Силија Флорес и да му го претстават тоа на светот“, додаде претседателот на Венецуела.

Според него, пучистите биле подготвени да ги убијат сите свои колеги, до 95 отсто од венецуелските генерали.

„Таму (во снимените разговори) зборуваа за некоја израелска група, којашто наводно била веќе во Венецуела и трабало да ме убие мене. Повеќе нема да зборувам (на оваа тема)“, рече Мадуро.

Тој повторно го овини претседателот на Колумбија, Иван Дуке, за вмешаност во организирањето на овој заговор, а исто така, побара и од властите на Доминиканската Република да го екстрадираат во Венецуела пребеганиот пензиониран бригаден генералн на воздухопловните сили, Едуардо Баес Тореал.

Венецуела живее во ритамот на судирите на Николас Мадуро и опозицискиот челник Хуан Гуаидо кој на 23-ти јануари со поддршка и на сигнал од САД, како што објавија американските медиуми, се самопрогласи за привремен претседател на земјата, признаен од педесетина американски сојузнички земји во светот.

Гуаидо од своја страна отфрли секаква своја вмешаност во организирањето на наводниот државен удар, откако министерот Родригез рече дека тој знаел и го поддрќал планот за пучот.

„Новинарите веќе се загубија, повторни ги повторуваат овие обвинувања. Нашиот повик, со кој настапуваме и ќе продолжиме да настапуваме, е упатен до војниците, кои мора да ја заземат страната на уставо“, го цитира Гуаидо агенцијата AFP.



Спонзорирани линкови

Маркетинг