Необични камења дошле директно од Месечината и чекале половина век на ова: Научниците решиле да го отворат богатството од вселената кое се чува во НАСА

Точка

27/06/2019

10:00

5.474

Големина на фонт

а а а

Трезорите во Вселенскиот центар Џонсон, на југот на Хјустон во Тексас, кријат богатство кое ретко кој имал можност да го види.

Лабораторијата, во која на речиси сите им е забранет влез, чува десетина камења од Месечината кои ги собрале астронаутите од Аполо пред половина век. 

Сега, за прв пат во последните неколку децении, НАСА отвора некои од овие примероци и ќе им дозволи на геолозите на нив да ја употребат најновата технологија на 21-виот век.

Ова е одличен начин да се обележи 50-годишнината од првите чекори на човекот на Месечината.

"Станува збор за некој вид на случајност што ова се поклопува со годишнината. Тоа дополнително го преувеличи и веста дека се враќаме на Месечината", објаснил Рајан Циглер, кустос на овој центар.

Имено, по неколку децении "шетање" по вселената од Месечината до Марс, НАСА најавила дека астронаутите повторно ќе чекорат на површината на Месечината од 2024-та година.

Иако американскиот претседател Доналд Трамп ја критикувал НАСА поради оваа одлука, нагласувајќи дека би било подобро да се фокусираме на Марс со пораката "Што бараме на Месечината, веќе бевме", во агенцијата е направен консензус токму Месечината да биде клучниот полигон со оглед на неговата близина "до дома" од 386.000 километри или 2 до 3 дена пат.

Задачата на Рајан е да го чува тоа што е собрано во текот на 12-те прошетки по Месечината меѓу 1969-та и 1972-ра година, а станува збор за вкупно 382 килограми примероци од карпи од ова небесно тело. Исто така, тој е тука да обезбеди научниците да ги добијат најдобрите можни примероци за своите проучувања.

Некои од примероците од Месечината биле вакумирани уште на Месечината и никогаш не биле изложени на Земјината атмосфера. Некои се замрзнати или складирани во хелиумско окружување и оставени недопрени. Персоналот на лабораторијата сега се обидува да открие како е најдобро да се извадат примероците од цевката и контејнерот каде се чуваат без контаминација. Моментално вежбаат со лажни примероци, кои имитираат лунарна прашина.

"Во споредба со технологијата во времето на Аполо, денешната работи со многу почувствителни инструменти. Денес можеме да направиме повеќе со еден милиграм, отколку што тогаш можевме со грам", објаснил Рајан.

Лабораторијата со примероци од Месечината има два трезора - еден со камења кои не се допрени уште од Месечината, и еден помал, каде има примероци кои се веќе истражени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг