Поранешната Плејбој зајачица од спотот „Thriller“ на Мајкл Џексон, тврди дека била интимна со кралот на поп музиката

Точка

27/06/2019

09:13

6.670

Големина на фонт

а а а

“Првпат го бакнав во образ на снимањето, а потоа ми кажа да појдам до соблекувалната“ - тврди манекенката.

Плејбој зајачицата и манекенка Ола Реј (58), глумела во спотот на Мајкл Џексон за песната „Thriller“ објавена 1982-та година, а сега тврди дека била интимна со кралот на поп музиката.

Манекенката десет години по смртта на Мајкл Џексон отворено признала како страсно се бакнувала со Мајкл Џексон, пренесуваат од „Daily Mail“.


„Бевме интимни. Еден ден отидов на снимање и тогаш се бакнавме. Првпат го бакнав во образ на снимањето, а потоа ми кажа да појдам во соблекувалната. Влегов, седевме и разговаравме. Кога се приближивме еден кон друг, тој ме бакна“ - тврди Плејбој зајачицата.

Иако сè детално не открила, изјавила дека тука имало нешто и повеќе од бакнежи, секако според нејзините тврдења.


„Имаше страсни бакнежи, а правевме и други работи за кои не сакам да зборувам. Само можам да ви откријам дека се соблече пред моите очи. Ништо повеќе нема да кажам, прочитајте во мојата книга. Не очекував дека ќе се случи такво нешто, но бидејќи многу време поминувавме заедно на снимањето, станавме многу блиски“ - изјавила Ола. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг