“Сакам мажи и жени подеднакво, дефинитивно сакам еден маж и една жена во својот живот”

Точка

26/06/2019

17:41

4.006

Големина на фонт

а а а

Младата и талентирана пејачка Вилоу Смит отворено зборувала за своите сексуални интереси во текот на искрениот разговор со својата мајка Џејда Пинкет Смит во емисијата “Red Table Talk”.

Вилоу ја отворила својата душа и признала дека е отворена за секс и врска во тројка поради тоа што подеднакво ја привлекуваат и мажи и жени. 

18-годишната ќерка на Вил и Џејда Пинкет Смит ги открила своите интереси да биде во т.н. полиаморична врска односно врска помеѓу три личности.

Таа во текот на разговорот во емисијата која во живо се пренесува на Фејсбук рекла:

“Сакам подеднакво и мажи и жени така што дефинитивно би сакала еден маж и една жена во својот живот. Се чувствувам дека можам да бидам верна на две личности. Не сум личност која постојано бара нови сексуални искуства”.


“Многу се фокусирам на емоционалната врска и доколку пронајдам и маж и жена со кои би остварила романтична и сексуална врска, не би имала потреба да барам нешто повеќе од тоа. Тоа би ме исполнило”, додала Вилоу.

На семејството, во текот на снимањето на барање на Вилоу, му се придружило и тричлен пар кој се состоел од маж и две жени. Таа ги заследила на Инстаграм и така започнало сè, а тоа било и за почетокот на нејзиното интересирање за полиаморијата.

Џејда изјавила дека и таа испробала секс во тројка но едноставно не се пронашла во тоа и не се чувствувала исполнето. Сепак, смета дека би било поинаку доколку би била заљубена во некои две личности, што претставува едно повисоко ниво.

На прашањето што би направила доколку нејзината ќерка навистина влезе во полиаморична врска, Џејда одговорила:

“Таа има само 18 години, којзнае што ќе се случи во нејзината глава”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг