Има 29 години, но веќе размислува за пензија: Крос ја изненади јавноста со својата последна изјава

Дерби

26/06/2019

19:40

2.541

Големина на фонт

а а а

Тони Крос веќе во неколку наврати има истакнато дека најдобар потег во неговиот живот била одлуката да го замени Баерн Минхен со Реал Мадрид, а очигледно Германецот е до толку аклиматизиран и задоволен во шпанската престолнина, што гледа на „кралскиот клуб“ како идеално место за завршување на кариерата.

Крос е прилично млад и со свои 29 години се очекува да му понуди уште многу нешта на тимот предводен од Зинедин Зидан, но како што вели самиот, не се гледа себеси уште многу години во елитниот фудбал. Со развојот на медицината, фудбалските кариери се значително продолжени во модерниот фудбал и најголем дел од играчите се одлучуваат да бидат активни и во доцните 30-ти, но барем во овој момент, Крос не се гледа себеси во таква улога.

Сосема напротив, Германецот има сосема поинаква идеја и не исклучува да замине во пензија по завршувањето на актуелниот договор со Реал Мадрид кој завршува во 2023 година.

– Времетраењето на договорот беше заеднички одреден, со претходно долго размислување. 33 години е навистина добра возраст за пензионирање, но сепак ќе оставам тоа да го одлучам тогаш. Тогаш ќе одлучам дали нема да ми се прави ништо после се што доживеав во фудбалот. Едно е сигурно, играњето во Америка, Кина и Катар во ниту еден случај нема да биде опција, – вели Крос во интервјуто за „Билд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг