Ѕвездата на Сити заработува 200 илјади фунти неделно, но не ја исплатил жената која му ги чувала децата

Дерби

26/06/2019

18:30

1.496

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола ја продолжи доминацијата во Премиер лигата и стана првиот тренер кој ја одбранил титулата во домашното првенство по пензионирањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон, а иако најголем дел од заслугата му припадна него, самиот тој порача дека најзаслужни за историската сезона се играчите.

Манчестер Сити стана првиот тим кој во иста сезоан ги обединил трите национални титули, а како клучни за таквиот успех секако се покажа широкиот ростер на врвни играчи со кои располага Гвардиола, вклучувајќи го и Ријад Марез кој сега стана актуелен во Англија поради еден судски процес.

Алжирецот минатото лето го засили Сити за сума од 60 милиони фунти, а иако во Сити заработува неделна плата од 200 илјади фунти, крилниот напаѓач не и ја исплатил ветената плата на бебиситерката. Жената што ги чувала неговите две деца во изминатава година ексклузивно се пожали за „Сан“ дека наишла на навистина многу лош третман од Марез и неговата сопруга, па дури не и биле исплатени ниту ветените пари.

Поради ова, госпоѓата Каталина Мирафлорес поднесе тужба против брачниот пар, а сега судот во Англија пресуди во нејзина корист, принудувајќи го Марез да и исплати 4 илјади фунти, а притоа да ги покрие и сите судски трошоци за жената која досега му ги чуваше двете мали деца.

– Работев напорно, дури и прекувремено, ги сакам само моите пари кои ги заслужив. Не барам ништо повеќе. Бев на располагање 24 часа во денот, спиев во иста соба со децата, кога ќе се разбудеа, морав да се справам со нив. Не можев да си одам дома, немав проблем со тоа, но сакам само нормално да ме исплатат, – изјави 52-годишната госпоѓа за „Сан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг