Ова е најбрзиот трактор на светот: Има мотор кој развива 1000 коњски сили!

Точка

26/06/2019

16:55

4.358

Големина на фонт

а а а

Британскиот мега-трактор JCB Fastrac 8000 постави нов брзински рекорд на пистата во воздушната база Елвингтон во Јоркшајр.

Колку брзо може да вози еден трактор? Како што пренесува motor1.com, пред нешто повеќе од една година, екипата на Top Gear на поранешниот воен аеродором во Лестершајр постигна брзина од 140,4 километри на час, со што беше поставен светски рекорд.

Сега, телевизискиот презентер Геј Мартин во серијалот објавен на Channel 4, со британскиот трактор JCB Fastrac 8000 постигна нов рекорд – импресивни 166,7 километри на час. За бруталните перформанси на овој трактор се грижи „тенковскиот“ 7,2-литарски V8 турбодизел мотор кој развива 1000 коњски или и неверојатни 2500 Nm максимален обртен момент.


Сепак, овој трактор бил прилагоден со цел да се постигне рекордната брзина, пред се подобрена е аеродинамиката од страна на експертите од Williams Advanced Engineering (кои што работат за Ф1 тимот на Вилијамс), а наместо автоматскиот CVT менувач беше вграден 6-степенски ZF.



Спонзорирани линкови

Маркетинг