Испробајте нешто ново: Помфрит со малку лукче и пармезан

Точка

26/06/2019

16:10

3.100

Големина на фонт

а а а

Одвреме-навреме треба да внесувате промени во кујната, да пробате некое ново јадење, зачин или начинот на подготовка. Ви го претставуваме рецептот за еден од најомилените прилози во јадењето, подготвен на нов начин.

Состојки:

- 4 големи компири;
- 2 лажии маслиново масло; 
- 1 лажица лук во прав;  
- 1 лажица рузмарин;  
- 2 лажици свеж пармезан; 
- сол по потреба. 


Подготовка:

- Исечете ги компирите во облик на помфрит.
- Во голем сад ставете ги исечените компири и додадете маслиново масло. Измешајте ги и на тоа додадете го лукот во прав, рузмаринот и додадете сол. Мешајте додека зачините не се соединат. 
- Извадете ги компирите од садот и рамномерно распоредетe ги во сад за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
- Остатокот од зачините и маслото сочувајте ги за подоцна.
- Ставете ги компирите да се печат во претходно загреана рерна околу 30 минути. По 15 минути извадете ги компирите и превртете ги од другата страна. 
- Откако ќе бидат готови вратете ги назад во садот со зачините и маслиновото масло и додајте го пармезанот. 
- Повторно вратете ги компирите во рерната да се печат околу 10-тина минути за да се растопи пармезанот. 
- Извадете ги од рерната и послужете ги.  





Спонзорирани линкови

Маркетинг