Роботите ќе заменат 20 милиони работни места до 2030-та година?

Точка

26/06/2019

16:00

1.558

Големина на фонт

а а а

Роботите би можеле да заменат 20 милиони работни места во индустријата ширум светот до 2030-та година, со што би се влошиле социјалните и географските нееднаквости, но тоа позитивно би влијаело на економскиот раст.

Работните места со најниски квалификации ќе бидат најмногу погодени, наведува Оксфорд Економикс.

Роботите веќе заземале неколку милиони работни места од луѓето во индустријат, а тој тренд напредува во други области, благодарение на модерната технологија и вештачката интелигенција, навело британското аналитичко биро во извештајот во кој се разгледува и економскиот аспект за употреба на роботи.


Меѓутоа, многу аналитичари сметаат дека автоматизацијата во поширока смисла повеќе допринела за отворање отколку укинување на работни место, но се создал поголем јаз помеѓу работните места со високи и ниски квалификации, така што голем број работници останале без работа.

Роботизацијата ќе влијае на зголемување на продуктивноста и на економскиот раст, сметаат експертите, проценувајќи дека светската економија би можела да има профит до 5.000 милијарди долари до 2030-та година.


Експертите исто така укажуваат дека би биле погодени работните места со повторувачки активности, како и работните места во центрите за логистика.

Работните места кои бараат „чувства, креативност и рационална интелигенција“ ќе останат во рацете на луѓето уште неколку децении, се наведува во извештајот и се додава дека роботите сепак ќе бидат присутни во трговијата, здравството, угостителството, сообраќајот и земјоделството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг