Леталото „Soyuz“ ги врати астронаутите на Земјата од Меѓународната вселенска станица

Точка

26/06/2019

15:30

1.581

Големина на фонт

а а а

Тројца членови од тимот „Expedition 59“ успешно се вратија на Земјата со леталото „Soyuz“ откако поминаа повеќе од шест месеци на Меѓународната вселенска станица (ISS), пренесуваат од „Russia Today“.

Рускиот космонаут Олег Кононенко, канадскиот астронаут Дејвис Саинт Џакус и астронаутката од НАСА, Ана Мек Клаин, слетаа во Казакстан три и пол часа откако ја напуштија Меѓународната вселенска станица со леталото „Soyuz MS-11“.

Во текот на 204 дена поминати во вселената, експедицијата спровела многу експерименти, од детекција на радијации во орбитата до растот на билките во услови на микровегетација.

Тимот „Expedition 60“ кој е составен од командантот Алексеј Овчинин, инженерот на НАСА, Ник Хагу и Кристина Коч, ќе ја продолжат работата на Меѓународната вселенска станица.

НАСА и Роскосмос на Твитер објавиле неколку клипови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг