Ќе ја надмине и GoT: Луѓето не можат да престанат да ја гледаат оваа серија на Нетфликс

Точка

26/06/2019

15:04

5.233

Големина на фонт

а а а

За помалку од два месеци од првото емитување, серијата на Нетфликс „Lucifer“ се покажала многу популарна меѓу гледачите. Имено, токму таа серија веќе седми ден по ред го држи првото место на листата на Нетфликс за серии што се гледаат во еден здив.

Благодарение на извештајот на апликацијата „TV Time“, на гледачите им е овозможено следење на нивните навики за гледање ТВ, а последниот извештај вели дека луѓето се најзаинтересирани за серијата Луцифер.

Со фактот дека седум дена е на врвот на листата, оваа серија станала најгледана покрај „Игра на тронови“. Ако на истото место се задржи и осмиот ден, би можела да достигне нови рекорди.

На второ место е серијата „Jessica Jones“, на Марвел, а по неа следат „Trinkets“, „Friends“ и „Dark“. Иако базата на податоци на „TV Time“ нема увид во целата публика на Нетфликс, таа овозможува следење на навиките кои опфаќаат голем дел и докажува дека гледачите на Луцифер се многубројни.

Серијата до минатата година всушност ѝ припаѓала на „Фокс“, но откако се откажале од неа, Нетфликс се одлучиле да ја преземат. Серијата моментално има четири сезони, а продуцентите најавиле дека петтата сезона воедно ќе биде и последна. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг