Славниот голман на Реал Мадрид и репрезентативец на Белгија, Тибо Куртоа, има нова девојка. Станува збор за италијанската убавица, моделката Сара Солдати.
27-годишниот спортист ужива во новата љубов со згодната Италијанка, која е ѕвезда на Инстаграм.
Сара на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 100.000 луѓе, додека нејзиното момче го следат речиси 6.000.000 луѓе.
Атрактивната Италијанка на својот профил објавила фотографии од Ибица, каде познатиот пар моментално престојува.
На фотографиите се пофалила со својот совршен изглед, беспрекорен стил и модните комбинации кои ги одбрала за ова популарно летувалиште.
На фотографиите, меѓутоа, не се гледа нејзиното ново момче, иако папараците ги фотографирале на Ибица.
Веруваме дека двајцата наскоро ќе се пофалат со заеднички фотографии и ќе покажат колку се заљубени еден во друг.