Сакала да блеска на црвениот тепих, но еден поглед кон нејзините гради уништил сè

Точка

26/06/2019

14:22

5.142

Големина на фонт

а а а

Што мислите вие за нејзиното деколете? Оваа пејачка во неделата се појави на манифестацијата „BET Awards“. Желбата ѝ била да заблеска на црвениот тепих, но фановите ги искритикуваа нејзините гради.

Танерел, која е позната по нејзината песна „Siren“, никогаш не криела дека го сака своето тело и токму она што е природно. Сепак фановите по повод нејзиното последно појавување ѝ сугерирале дека не би било штета малку да ги затегне градите, односно да ги подигне.

„Можеш малку да ги затегнеш, зарем не?“ - се појавил некој коментар.

Вториот коментар дури бил и погруб, затоа што во него пишувало дека не требало да се појави со фустан со деколте или не смеела да ја одложи екстетската корекција на градите.

Сепак тоа не ја вознемирило на пејачката. Таа им порачала на хејтерите дека подобро би им било да се фокусираат на некои други работи и едноставно да “дозволат“ нејзините гради “да живеат“.


„Не, не морам да ги затегнам градите за да го облечам било кој фустан и тоа не е целта на облекувањето. Да, моите природни гради “висат“ и јас ги сакам такви какви што се и немам намера да го менувам својот изглед за да му се допаднам на некој“ - напишала на социјалните мрежи и додала дека страшно е со што се занимаваат луѓето и на што го трошат своето скапоцено време.

“Моментално го живеам својот сон“ - изјавила таа.

Дури и ја споделила својата фотографија која за многу кратко време имала 206.000 лајкови.

Напишала и коментар: „Оставете ги, нека “висат“!




Спонзорирани линкови

Маркетинг