Нови детали од нападот на Малта: Целиот остров го бара Србинот кој избодел Македонец по расправија

Точка

26/06/2019

21:58

16.878

Големина на фонт

а а а

Малтешката полиција започнала масовна потера по еден Србин по нападот со нож кој се случил во Бугиба.

Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата го третира нападот како обид за убиство. 

Се трага по Србинот, кој по една расправија, избодел 58-годишен маж од Македонија.

Македонецот и натаму е во болница и лекарите се борат за неговиот живот.

Македонецот крвав, со убодни рани, се појавил во болницата "Mater Dei". Се претпоставува дека се судрил со споменатиот Србин, по што бил избоден со нож.

Полицијата веднаш тргнала во потрага по злосторникот, но тој и натаму не е пронајден.

Малтешката полиција ги замолила сите кои имаат било какви информации за напаѓачот да се јават во најблиската полициска станица.

Нападот се случил во понеделникот навечер во околу 21 часот на улица Пајонир во Бугиба.

Припадниците на полицијата ги пребаруваат Бугиба и Сент Полс Беј за да го пронајдат напаѓачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг