Туристите почнаа да го избегнуваат еден од најпопуларните грчки острови, а сега ќе реагираат и надлежните

Точка

26/06/2019

12:17

3.821

Големина на фонт

а а а

Грчката полиција почнала со редовни инспекции на грчкиот остров Миконос, по големиот број на жалби од туристите.

Туристите плаќале сметки во рестораните дури и до 800 евра.

Грчкото Министерство за финансии планира да спроведе голем број инспекции во наредниов период и така да ги “фати“ рестораните кои ги ограбуваат туристите на Миконос.


Откако шест порции лигњи и пиво платиле 836 евра, друга група туристи се пожалила дека виното просеко го платиле 120 евра, а суфлакито чини 12 евра на поединечни места.

Сопственикот на еден од рестораните и популарниот грчки готвач кој минатата година се прославил додека правел бифтек ги лажат туристите. Неговиот ресторан на Миконос моментално е затворен откако инспекцијата пронашла дека тој не пријавувал данок дури од 18 илјади евра. Инаку во овој ресторан бифтекот чини 750 евра.


Сепак сопствениците на ресторанот возвратија удар, и не гледаат причина за зачудување кога цените на Миконос отсекогаш биле такви, не за сечиј џеб.

„Ве влечат од улица со зборовите дека ќе добиете бесплатни лежалки, но не ви ги покажуваат цените во менито, но и кога ќе ви ги покажат тие се напишани само за 100 грама од храната и не важат за целата порција“ - напишал некој турист на „TripAdvisor“.


Затоа доколку оваа година се упатите кон Миконос треба да имате “четири отворени очи“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг