Втор дел од исповедта на мајката на Пино: Ангела признала дека го организирала убиството

Точка

26/06/2019

19:58

9.413

Големина на фонт

а а а

Ангела Ѓорѓиевска шест пати давала различна изјава во полицијата, вели во вториот дел од интервјуто за "Магазин" мајката на убиениот Пино.

Откако пред неколку дена го пренесовме првиот дел од интервјуто на Маја Трпковска за порталот "Магазин", сега можете да прочитате нови детали за ова грозоморно убиство. 

Во вториот дел од разговорот Трпковска рекла дека ова семејство неколку години минало во Романија, каде Пино завршил основно училиште и ја минал првата година од средното образование. Неговата прва љубов се случила таму, па многу му било тешко кога морал да се врати во родната Италија.

На прашањето "дали по исчезнувањето на Пино била пријавена во полиција од страна на осомничената Ангела", Трпковска одговорила потврдно и рекла дека била пријавена без морал и трошка срам. Додала дека Ангела барала од неа јавно да и се извини, пишува "Магазин".

Според зборовите на Маја Трпковска, Ангела веќе им признала на полицајците дека учествувала во организацијата на убиството. Ангела на другарите на Пино им рекла дека била на полиграф, што не било вистина.

Трповска вели дека Ангела на полицајците им го кажала местото на кое што Пино бил убиен, кажала дека убиец е Али Фуркан, и дека ова го направила од одмазда.

Скршената мајка вели дека закопала само четири коски.

Трпковска се прашува и каков човек треба да бидеш за шест месеци да криеш човечко тело и притоа да живееш нормален живот.

"Човек не сакајќи мачка ќе удри или куче, па ќе не може да спие, совеста го јаде, а не човек да убиеш и да си тераш мирен живот. Ова е страшно. Да беше таа некој психопат, не ќе можеше ова убиство да го испланира, затоа што психопатите кога тогаш се издаваат. А таа 15 дена пред да биде уапсена, бараше јас јавно да сум се извинила, затоа што сум плукала по нејзе. За љубомора не се зема човечки живот така лесно. Ќе го родиш како мал, ќе го учиш да биде културен, да слуша и почитува и на крај некој монструм ќе ти го убие", рекла Трпковска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг