Кина го забрани увозот на месо од Канада

Макфакс

26/06/2019

10:25

619

Големина на фонт

а а а

Кина го забрани увозот на свинско и говедско месо од Канада поради лажни извозни сертификати, објавија вчера канадските власти.

Забраната, која стапи на сила од минатата ноќ во Отава, беше предизвикана од лажен сертификат за квалитетот на свинското месо, изјави канадскиот Совет за храна.

„Во моментов е нејасно зошто говедските производи се забранети”, изјавија од Советот, додавајќи дека канадската влада побарала објаснување од кинеските официјални лица.

Новинската агенција Ксинхуа на 18 јуни објави дека царинските службеници во источниот кинески град Нанџинг, во производите од свинско месо од канадската компанија „Фриго Ројал“ пронашле траги од рактопамин, прехранбен додаток кој е забранет во многу земји во светот.

Портпаролот на кинеската амбасада во Канада денеска изјави дека Кина, откако се пронајдени остатоците од рактопамин, „итно ги забрани производите од свинско месо од сите компании што учествуваат во тоа”, и ја повика Канада да спроведе истрага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг