Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Макфакс

26/06/2019

10:22

896

Големина на фонт

а а а

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од денеска во Брисел, во седиштето на НАТО учествува на дводневниот состанокот на Северноатлантскиот совет, на ниво министри за одбрана.

Од министерството потсетуваат дека ова е второ учество на министерката Шекеринска на министерски состанок во овој формат, со што Северна Македонија стана и активен учесник во функционирањето на Алијансата.

Во Брисел, министерката Шекеринска ќе има билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и Полска.

По дводневниот министерски состанок, министерката Шекеринска ќе учествува на Бриселскиот форум организиран од Германскиот маршалов фонд, каде ќе се обрати на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг