Кралското семејство не жали пари: Откриено кој најмногу ги троши парите на граѓаните и тоа за патувања!

Точка

26/06/2019

10:04

1.628

Големина на фонт

а а а

Британското кралско семејство од први април 2018-та година до 31-ви март 2019-та година, само на патување потрошило 2,7 милиони фунти.

Само принцот Чарлс потрошил речиси половина од тој износ - 1,3 милиони фунти. 

Трошоците за патувањата на Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол, за една година пораснале речиси за една третина - од 1,01 милион фунти на 1,33 милиони фунти.

Принцот Чарлс најчесто користел воз, или околу 22.400 евра по патување.

Кралската тура на Чарлс и Камила по Карибите и Куба во февруари чинела неверојатни 417.000 фунти. Патувањето во Западна Африка чинело 216.000 фунти.

"Неговите патувања во странство уследиле по налог на Foreign Office бидејќи се свесни дека е одличен амбасадор на Британија", одговорил на критиките советник од палатата.

Веста за буџетот за патувањето на принцот Чарлс уследила откако биле објавени податоци за трошоците за реновирање на Фрогмор Котиџ во Виндзор, за потребите на Меган Маркл и Принцот Хари. Овие работи, наводно, ќе ги чинат даночните обврзници 2,4 милиони фунти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг