Клучната алка во сите шампионски титули на Сити: Десеттата година во клубот е перфектна за збогум!

Дерби

26/06/2019

09:54

1.012

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити направи фудбалска историја во Англија и стана првиот клуб од оваа земја кој успеал да ги комплетира трите национални титули во иста сезона, откако избраниците на Пеп Гвардиола успеаја да слават во финалињата на Лига Купот и ФА Купот, како и да ја добијат жестоката битка со Ливерпул во Премиер лигата.

„Граѓаните“ четири пати ја освоија титулата во домашното првенство во последните седум години, успех во кој од актуелниот состав учествуваа само Давид Силва и Кун Агуеро. Двајцата староседелци се единствените кои имаа клучна улога во секоја шампионска титула на Сити, но пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Шпанецот призна дека нема да го продолжи договорот и дека следнава година ќе биде последна за него во Манчестер.

– Ова е мојата последна сезона во Сити. Десеттата година во клубот е повеќе од доволно. Ова е перфектно време за збогум. Клубот првично размислуваше за уште две години, но јас одлучив да продолжам на плус една за да завршам точно на 10 години. Ќе го комплетираме циклусот со убава бројка. Никогаш не можам да се замислам како играм против Сити, затоа 10 години е убава бројка и си заминувам од Англија. Се уште не успеавме да ја освоиме Лигата на шампионите, но ако секоја сезона биде како оваа изминатава, веднаш ќе потпишам на тој документ. Кога бев дете, никогаш не замислував дека ќе освојам толку многу нешта, затоа сум пресреќен од тоа што го остварив во моите десет години во Сити, без разлика што ќе се случи во последната, – вели Силва кој четири пати ја освои Премиер лигата, четири пати Лига Купот и два пати ФА купот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг