Познато е што Рома ќе добие за трансферот на Џеко во Интер

Дерби

26/06/2019

09:52

1.167

Големина на фонт

а а а

Екипата на Рома како во претходните години така и ова лето ќе продаде дел од клучните играчи, а прв на таа листа е Един Џеко.

Најдобриот напаѓач на „волчицата“ е на добар пат да заврши во таборот на Интер кој на овој начин ќе му ја исполни желбата на новиот тренер Антонио Конте. Според „Скај Спорт Италија“, клубот од Рим за оваа зделка ќе добие 10 милиони евра, плус младиот и талентиран напаѓач Едоардо Вергани.

Вергани првично требаше да биде дел од предлогот на Интер до Сасуоло за услугите на Стефано Сенси, но според информаците Сасуоло е спремен да прифати друг млад фудбалер (Андреа Адоранте) во овој трансфер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг