Некој за ова ќе мора да плати со глава: Држат 10 Црногорци на брод со кокаин вреден милијарда долари, а сега еден агент на DEA пратил остра порака

Точка

26/06/2019

10:04

6.019

Големина на фонт

а а а

"Некој мора да плати за тоа што се запленети 17,5 тони кокаин. Некој ќе мора да умре. Сигурно постојат неколку лица кои шефовите ќе ги обвинат за пропаста на работата и тие ќе мора да платат со глава", рекол поранешниот висок лидер на DEA, Педро Џанер, за рекордната заплена на кокаин во Филаделфија.

Педро Џанер додал и дека веројатно еден дел од товарот требало да остане во Филаделфија, од каде би се транспортирал во други делови на САД. 

"Другиот дел требало да оди во Европа, каде би се поделил и би се транспортирал до крајните одредишта", објаснил Џанер.

Потсетуваме, во една од најголемите заплени во историјата на САД, паднал Црногорецот Иван Џурашевиќ со колегата Фонофава Тијасага.

Истрагата и натаму е во тек, а бродот сега се наоѓа во Филаделфија, каде ќе остане до завршувањето на истрагата.

Меѓу членовите на екипажот има најмногу државјани на Црна Гора, а покрај капетанот на бродот, Дарко Рогановиќ, сослушани биле и Марко Перовиќ, Слободан Вукашиновиќ, Перо Марковиќ, Владимир Пенда и Веселин Мирковиќ.

Тие уште не се осомничени, додека уапсени се поморците од Котор, Бошко Марковиќ, Александар Каваја, Ненад Илиќ и Ива Џурашевиќ. Сите тие се членови на екипажот на бродот "MSC Gajan" во сопственост на една швајцарска компанија, на кој биле пронајдени десетина пакувања кокаин.

Веднаш откако била пронајдена дрогата на бродот, лисици на рацете им биле ставени на Џурашевиќ и Тијасага.

Наводно, двајцата признале дека учествувале во товарењето на кокаинот од 14 чамци на товарниот брод. Џурашевиќ за оваа работа требало да добие 50.000 долари во криптовалути. Тој признал дека, додека пловеле со бродот, пришле 14 чамци кои го префрлиле кокаинот на брод. Џурашевиќ со бродскиот кран ги наполнил контејнерите со дрога, по што ги сокрил.

Вредноста на одземената дрога е проценета на повеќе од милијарда евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг