Министерката за надворешни работи на Норвешка во работна посета на земјава

Макфакс

26/06/2019

09:44

1.306

Големина на фонт

а а а

Денеска, во работна посета на Република Северна Македонија, ќе претстојува Ине Ериксен Сореиде, министерка за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Во рамките на посетата министерката Ериксен Сореиде ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Се очекува фокусот на разговорите да биде на нашето полноправно членство во НАТО, како и динамиката и развојот на македонско-норвешките билатерални односи.

За време на работната посета министерката Ериксен Сореиде ќе се сретне и со претседателот на Владата, Зоран Заев, и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг