Мадона ги испровоцира фановите со нова фотографија, тие тврдат дека претерала и дека тоа е срамно!

Точка

26/06/2019

09:38

4.805

Големина на фонт

а а а

Кралицаата на поп музиката, Мадона (60), со фотографијата на Инстаграм предизвикала бурни реакции,а нејзините фанови сметаат дека ова сепак не било потребно да го направи.

Се работи за фотографија на која Мадона е во брусхалтер со чипка и мрежести хулахопки, а позира држејќи ја девицата Марија во раката.

Под оваа објава пејачката напишала како ѝ се заблагодарува на блажената Марија, а на многумина оваа нејзина постапка воопшто не им се допадна. Осудувачки коментари стигнале и на Твитер, каде што и некои пријатели на Мадона изразиле незадоволство, велејќи дека овојпат претерала.

Во едно интервју кое го направила минатата недела во Австралија, Мадона изјавила дека сака да ги смени ставовите на Ватикан за репродуктивните правила.

Инаку, Мадона е родена како католик, а некое време била и во редовите на кабала. Во детството сакала да биде калуѓерка. Почнала да пее во чест на кабала уште пред 10 години на својот албум „Ray of Light“, тврдејќи дека тој проект ѝ помогнал да стане духовно чиста.





Спонзорирани линкови

Маркетинг