Новак во Англија доживеа големо изненадување: По натпреварот ја видел неа на трибините и потоа настанало вистинско шоу

Точка

26/06/2019

21:58

17.533

Големина на фонт

а а а

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, имал интересна средба на турнирот „Bubls“, кој се одржува во близина на Лондон. Ноле првиот натпревар го одиграл на трева и бил многу успешен. Во два сета го совладал младиот Кристијан Гарин.

По натпреварот, се потсетил на својот претходен настап на овој интересен турнир, но и на една обожавателка на која ѝ ја подарил својата маица.

„Имав некои моменти кога бев без маица тука на „Bubls“. Се сеќавам дека тука имаше една млада дама... Пред неколку дена видов фотографиј од пред пет-шест години. Таа седеше тука, позади во првиот ред, не знам дали таа сега е тука... Ене ја!“ - воодушевено изјавил Новак, а водителката се надоврзала:

„Таа те прогонува“.

Новак потоа ѝ се обратил на својата верна обожавателка:

„Мислев дека ќе ја носите мојата маица“.

Обожавателката рекла дека сака нов подарок од најдобриот тенисер на светот, но Ноле кажал дека овојпат нема да има ништо од соблекување.

„Знаеш, сега сум оженет, татко сум. Морам да ги задржам некои работи приватно. Морам да ја почитувам мојата сопруга, така што нема да можам да ја соблечам маицата и да ти ја поклонам. Тоа беше случај пред пет години, но беше само маицата, да се разбереме“ - изјавил Новак.





Спонзорирани линкови

Маркетинг