Деновиве се појавија гласини дека Наполи би можеле да ја засилат својата одбрана со стоперот на Рома, Костас Манолас, а за евентуалниот трансфер проговори Фабио Канаваро.
Легендарниот италијански стопер Фабио Канаваро, кој својата кариера ја започна во Наполи, а потоа настапуваше и за Интер, Јувентус и Реал Мадрид, смета дека Наполитанците би завршиле одлична работа со ангажманот на Костас Манолас.
„Ако Наполи сака да го зголеми квалитетот, тоа мора да го стори со Манолас. Комбинацијата на Манолас со Кулибали би била одлична. Со такви двајца играчи можете да си дозволите повеќе играчи да поставите во напад и да создадете подобри шанси за гол“, изјави Канаваро и додаде:
„Големите клубови со стопери кои ги имаат овие карактеристики можат да стигнат до самаата завршница од Лигата на шампионите“, изјави Канаваро.