Босански експерт му помогнал на турскиот опозиционер да го сруши Ердоган: Не му помогна контролата на медиумите и тепањето на опозицијата!

Точка

26/06/2019

18:04

4.361

Големина на фонт

а а а

Најмоќниот човек во Турција, Реџеп Таип Ердоган кој своевремено говореше дека „тој што ќе го добие градот на Босфорот, ја добива и државата“, после две децении го загуби Истанбул.

На повторените избори во најголемиот турски град кандидатот на Републиканската народна партија “CHP”, Екрем Имамоглу повторно го победи противкандидатот Бинали Јилдирим од владеачката партија на Ердоган “AKP” и стана градоначалник на Истанбул. На Ердоган кој својата политичка кариера ја започна како градоначалник на Истанбул, поразот тешко му падна, иако го призна.

Емир Мујачиќ, дипломиран инженер по електротехника, по потекло од Требиње, работел во кампањата на Имамоглу и за босански „Аваз“ ексклузивно откри што пресудило за турскиот претседател да доживее шокантен пораз во Истанбул.

Мујачиќ кој моментално живеел на Флорида во САД, ја водел кампањата на Имамоглу на социјалните мрежи. Тој за босанските медиуми изјави дека не можел мирно да ги гледа негативните последици кои по турското општество ги оставал режимот на Ердоган.

Тој посебно критички гледа на промените на турскиот Устав според кои, Ердоган овозможил со државата да прави што сака. Според него, токму поради тоа Ердоган ја загубил поддршката на гласачите во неговата партија.

„Во кампањата за претседател на Турција, Ердоган вети борба против криминалот, инфлацијата, неправдата и поефикасна економија. Но, веднаш откако стана претседател, инфлацијата порасна, а исто така порасна и невработеноста, додека истовремено на турската лира ѝ падна вредноста. Цените драстично растат и народот почнува да ги трпи последиците. Цените на компирот и кромидот скокнаа за тројно повеќе. Ердоган воведува мерки за стабилизација, но тие не функционираат“, вели Мујачиќ.

Според него, на изборите се водела неправедна кампања затоа што 90% од турските медиуми се под контрола на Ердоган.

„Целата опозиција беше прогласена за предавничка, сите беа прогласени за шпиони и крадци. Но, цените до таа мера скокнаа, што народот започна да ја сфаќа единствената вистина, а тоа е дека не може да се живее од тоа што го сервираат медиумите“, изјави Мујачиќ.

Тој потсетува дека партијата на Ердоган на изборите на 31-ви март најпрвин ја загубиле Анталија, па Мерсин, Адана и Анкара. Но, поради губењето и на најголемиот град Истанбул, изборите биле повторени, иако на крајот се покажа дека ниту тоа не го спаси Ердоган од тежок пораз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг