Мајка на четири деца која била клинички мртва дури 27 минути за американските медиуми тврди дека „рајот е вистински“.
Кога докторите ја вратиле во живот, првото нешто што таа го побарала било лист хартија и пенкало, на кои што напишала “It’s real”, односно „Вистинско е“.
Тина Хајнс во февруари добила срцев удар пред да тргне со својот сопруг Брајан на планинарење во Феникс во американската сојузна држава Аризона. Таа се срушила на подот и ја загубила свеста уште пред да пристигне итната помош.
На патот кон болница лекарскиот тим се обидел да ја оживее шест пати и таа цели 27 минути била клинички мртва.
Опишувајќи што видела додека била клинички мртва, таа открила дека „сето тоа било вистинско, а боите биле така силни“. Таа рекла дека го видела ликот на Исус кој стоел пред црна врата со жолто светло над главата.
Нејзината внука дури и го истетовирала на својата рака тоа што Тина го напишала на листот хартија откако докторите ја вратиле во живот.