Татјана Алексиќ: Сексуална интелигенција - кој ја поседува и како се мери?

Точка

26/06/2019

10:15

10.380

Големина на фонт

а а а

“Сексуална интелигенција не е само познавање на репродуктивиот систем , информации за сексуално преносливи болести и контрацепција, ниту сексуални техники и вештини, а ла камасутра и тантра, туку многу подлабoко познавање и ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СВОЈАТА И ПАРТНЕРСКА СЕКСУАЛНОСТ. Клуч на сексуалната интелигенција е здрав и автентичен начин на водење љубов со саканиот партнер”- објаснува професорката Татјана Алексиќ, во пресрет на бесплатното предавање на тема „Сексуална интелегенција“, кое ќе се одржи вечерва на Филозофскиот факултет со почеток во 19 часот.

Колку постои свест кај младите дека интимните односи се многу повеќе од нагонски секс?

- Историското време, социјалните и културни разлики знаат да одат во крајности, па или се молчи за сексот како за нешто срамно и табу тема, или се претерува во јавна продажба на интимноста, хипереротизација, порно индустрија, ширење лаги и митови во врска со сексот, сквернавење на еден свет чин како што е водење љубов, се оди во екстреми и сексуални манипулации, не се прави разлика помеѓу порнографија и еротика. Во сиот тој хаос, најмногу страдаат младите , нашите деца, затоа треба многу внимателно да се разговара со нив, да им се предочи дека не треба да гледаат достапна порнографија, опасност за изобличување на перцепција за секс.

Треба да се прави разлика помеѓу НАГОНСКИ (биолошки, хемиски и репродуктивен секс), РЕЛАЦИСКИ (љубов) и ЗАМЕНСКИ СЕКС (злоупотреба на сексот, за жал се поприсутна во секојдневието).

Што претставува сексуалната интелегенција?

- Нашата сексуалност е поврзана со МОЗОКОТ, единствениот релевантен сексуален орган, другите се помагала. Тука почнува и процесот на вљубување и одљубување, сакање, желбата за секс и сѐ во врска со сексуалноста. Кога ќе ги поврземе работите со нашето СРЦЕ и ДУША доаѓаме до ниво на сексуална интелигенција, и нашата сексуалност ќе биде топла, рационална, емоционална, мудра, привлечна, трајна... Сексуална интелигенција е синтеза на РАЦИОНАЛНА, ЕМОЦИОНАЛНА и ДУХОВНА интелигенција, што значи треба да ги развиваме сите девет нивоа на интелигенција, а не да го развиваме секс атрибутите (за секого релативни), бројот на партнери и промискуитетноста.

Зошто и во 21 век кога се зборува за секс најчесто се мисли на физички контакт?

- Ако е само до практичното сексуално искуството, тогаш сексуалните работнички би биле сексуално освестени и интелигентни , а може да бидат овластени сексолози, да предаваат за сексуалноста. Јас ги разбирам маркетиншките трикови, во стилот на филмот Pretty women во кој згодната Џулија Робертс глуми проститутка во која се вљубува згоден и моќен маж и тие ќе си живеат среќно и весело (типичен американски хепи енд). Или примерот со италијанскиот парламент каде либерално ќе влезе порно sвезда. Но, како да им објасниме на децата дека тоа не е добра морална порака и покрај борбата за човекови права и јакнење на хумани вредности. Зошто згодниот и моќен маж да не се ожени со една млада девојка која , замислете, се уште прави ајвар за зимница и го продава на пазар, а во парламент да влезе брилијантен студент на правни науки без партиска книшка?

Кои личности поседуваат сексуална интелигенција?

- ВИСОКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА е потенцијал, но ако не се развива и облагородува со знаење, вештини и креативност, останува неискористена предиспозиција. Исто е и со сексуалноста, непознавајќи се себеси , не можеме да си го препознаеме сексуалниот потенцијал, кој многу често врска нема со секс атрибутите.Тука се создаваат најголемите митови и заблуди кои резултираат со силиконски посластици и предимензионирање на секс атрибутуте. А кој тврди дека сексапилноста е во нив? Има нешто повеќе во сексуалната интелигенција која не е за покажување и јавно докажување, таа е привилегија на сродните души, сексуално освестени и себеспознајни, за што не треба тестираење или сертификат.И невозможно е јавно да се тестираме колку сме сексуално интелигентни, исто како што нема љубомер за мерење љубов, сите различно сакаме и имаме различен потенцијал за сакање.

 Ние можеме да имаме толерантни ставови за сексот и сексуалноста, да сме начитани, едуцирани...Но и да не се познаваме себеси ниту партнерот и неговите потреби и желби. Свесноста за нашето тело и неријатностите ако не ни е допадливо, чувството на вина дека не треба да кажеме што не возбудува и дека сексот од задоволство е грев, а репродуктивниот е свет , се реални пречки во себеспознавањето на нашето „сексуално јас“.

Скриеното сексуално јас е клуч на задоволствата, затоа нема перверзност на заемно задоволство и заклучана врата. Кога би имале храброст да го откриеме на саканиот партнер тоа свое скриено јас и да го препознаеме и следиме неговото, ние сме го постигнале нивото на сексуална интелигенција и богат и исполнет сексуален живот , и кога е моногамен бракот и кога се работи за еден единствен партнер.Можно е! Не случајно се убави лебедите, верни и задоволни со еден партнер.

Памет е процент на искористена интелигенција и бистрина на умот која пронаоѓа перспективи во многу општествени сфери. Сексуална интелигенција е свесност за себе си и сексуално исполнет живот со саканиот партнер, што е поврзано со радост, здравје и успешност (не случајно народот вели ,,му фали љубов или секс па да се смири").

На што се должат сексуалните дисфункции?

- Сексуалните дисфункции се сеприсутни, за нив е многу тешко истражувањето. Една од ретките во Македонија која има магистерска на тема Секауални дисфункции е проф.д-р Славица Арсова, која заедно со проф.д-р Викторија Вујовиќ беа дел од тимот на емисијата Сексуална азбука во 2011 година. Сексуалноста има разорна сила и затоа многу внимателно треба да се зборува отворено во јавноста, особено што децата сакаат да ги имититраат имитираат возрасните и славните, па видовме што се случи после „случајно“ објавените клипчиња, видеа, пораки и слично.Секако, не треба и да не се оди во крајности , како во 13 век кога жените биле палени на клада и казнувани заради својата сексуалност. Католичката црква од Европа, почнувајќи од Германија па се до најлибералните Швеѓани, правеле масовен геноцид врз жените во средниот век, а сега во новиот милениум пак истите претеруваат со воведување, среќа се уште предлог закони за јавно водење љубов во парк, секс со животни и слични сексуални пореметувања.

Потребно е или не е потребно сексуално образование?

- Многу анкети укажуваат на збунетост кај младите во врска со сексот и сексуалноста. Каде може да не одведе таа либерализација? Од една страна велиме не треба сексуално образование, дури и јас имав проблем со тајмингот за емитување на емисијата, а од друга страна се емитуваа емисии како Големиот брат каде се општи пред камери, „во име на љубовта“?

Ние можеме да имаме толерантни ставови за сексот и сексуалноста, да сме начитани, да се едуцираме, но и да не успееме да се познаваме себеси ниту партнерот и неговите потреби и желби, да развиеме свесност за нашето тело и неријатности ако не ни е допадливо, да се ослободиме од чувството на вина дека не треба да кажеме што не возбудува и дека сексот од задоволство е грев, а репродуктивен е свет.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг