ФОТО: Запален автомобил „Рено лагуна“ во Ново Лисиче

Точка

25/06/2019

22:59

5.343

Големина на фонт

а а а

Во скопската населба Ново Лисиче доцна вечерва се запали автомобил од марката „Рено лагуна“.

До овој момент нема официјални информации за тоа која е причината за пожарот, но очевидците велат дека автомобилот одеднаш почнал да гори. Возилата кои биле паркирани во близина на опожарениот автомобил не се оштетени.

Инцидентот бил пријавен од жителите на Ново Лисиче, а брзата реакција на пожарникарите спречила проширување на пожарот.

Причините за пожарот дополнително ќе бидат утврдени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг