Изгледа дека не можете туку-така да се потпрете на тоа дека апликациите на Google Play Store се безбедни.
Всушност, истражувањето кое е спроведено за само две години - тоа експлицитно го покажало. Универзитетот во Сиднеј пронашол дури 2,040 малициозни и злонамерни апликации на популарниот сервис за Андроид платформата.
Истражувањето спровело анализа на милион апликација на Google Play Store. Пронајдени се голем број на лажни апликации, односно апликации кои барале пристап до голем број приватни податоци за корисниците, а интересно е дека во ваквите апликации спаѓаат и некои популарни игри, меѓу кои се „Hill Climb Racing“ и „Temple Run“.
Па така, алгоритмите откриле дури 49,608 потенцијални закани. Потоа, со користење на „VirusTotal“ софтверот, 7,246 апликации се карактеризирани како малициозни, додека од нив 2,040 апликации се карактеризирани како лажни и високо ризични.
Интересно е и тоа што самиот Google веднаш реагирал, и експресно ги отстранил апликациите кои во ова истражување се означени како опасни. Исто така, зголемен е и бројот на одбиени апликации. Суспензијата на апликациите пораснала на 66%, додека бројот на одбиени апликации, односно оние на кои не им е дозволено ниту да се појават на Google Play Service, се зголемил за 55%.