Памела Андерсон ја отворила душата по раскинувањето со познатиот фудбалер: “Тој е чудовиште”

Точка

25/06/2019

21:27

5.386

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Марсеј, Адил Рами и филмската дива Памела Андерсон неодамна ја прекинаа својата двегодишна врска.

Досега јавноста не беше запознаена зошто еден од најпознатите светски парови ја прекина својата врска, а потоа Памела одлучила да ја отвори душата. На својот Инстаграм профил, Американката споделила со светот дека 18 години помладиот фудбалер ја изневерувал, нарекувајќи го “чудовиште”. 

“Последните две години (и повеќе) од мојот живот беа голема лага. Бев измамена, приморана да верувам... Имавме “голема љубов”. Но, открив нешто во последните неколку дена, дека тој живееше двоен живот. Се шегуваше за другите фудбалери кои имаа девојки блиску до нивните станови каде што живееја нивните сопруги. Ги нарекуваше тие луѓе чудовишта?”, се запрашала Памела и додала:

“Но, ова е полошо. Тој нè лажеше сите. Како е можно да се контролираат две женски срца и умови на овој начин? Тој е чудовиште. Како можев да помогнам на толку луѓе, но не можев да си помогнам на себеси?”, напишала актерката.


Адил и Памела беа заедно од јуни 2017 година, а фудбалерот пред тоа беше во врска со познатата манекенка Сидони Биемонт. Рами ја запознал светската ѕвезда во Севиља, каде и се разгорела страста помеѓу нив двајца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг