На овие хороскопски знаци им е потребно најмногу време за преболување на врската

Точка

25/06/2019

21:10

3.204

Големина на фонт

а а а

Прекинување на врската секогаш е тешко барем за едната страна, а тоа често може да биде поврзано и со хороскопот.

Додека за некои тоа значи нова страница од книгата на животот, постојат хороскопски знаци на кои им е тешко да го заборават минатото, па потешко се носат со раскинувањето, за разлика од некои други.


Лав

Лавовите своето срце не го подаруваат баш лесно, но за личноста која сепак ќе успее да ги освои, подготвени се да направат буквално сè. Затоа, после прекинувањето со некого со кого мислеле дека ќе го поминат остатокот од животот, од страв повторно да не бидат повредени, многу потешко стапуваат во нова врска и ги сузбиваат своите емоции.

Стрелец

Иако Стрелците по природа се заљубливи, тешко стапуваат во сериозни врски. Но, еднаш кога ќе се препуштат некому во целост и истата личност ќе ги остави со скршено срце, стануваат уште повнимателни околу луѓето и сите потенцијални партнери ги споредуваат со поранешниот.


Рак

Луѓето родени во овој знак, воглавно тешко ги поднесуваат сите разделби, па така и оние љубовните. Кога се во врска, Раковите ѝ се целосно предадени на саканата личност и склони се кон идеализирање, поради што прекинувањето обично им е многу потешко отколку на луѓето родени во другите хороскопски знаци. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг