Камила Кабело и Шон Мендез во "врела акција": Фановите се убедени дека тие се новиот пар на музичката сцена

Точка

25/06/2019

19:04

1.505

Големина на фонт

а а а

Камила Кабело и Шон Мендез разменуваат нежности во спотот за новата песна. Фановите се воодушевени од заедничката соработка, коментирајќи дека Камила и Шон се новиот пар на светската музичка сцена.

Љубовната приказна е прикажана во спотот за песната "Senorita" во кој се нижат провокативни сцени. Откако меѓусебно се забележуваат во ресторан каде работи Камила, а Шон настапува со својот бенд, тие двајца по танцот завршуваат во хотелската соба каде ја поминуваат ноќта заедно. 


Но, љубовната приказна не завршува среќно – Камила следното утро тажно го чека пред ресторанот младото момче кое не се појавува.

Погледнете го спотот:



Спонзорирани линкови

Маркетинг